Радио Милева грев и прошка

На овие две наши естрадни фаци кучињата им збогтисаа, па ги огласија за продажба: Ферхунде и Бела завршија на оглас за „шиткање“ или Џамбазов и Марија Луиса им приредија само мало плашење? (ВИДЕО)

На овие две наши естрадни фаци кучињата им збогтисаа, па ги огласија за продажба: Ферхунде и Бела завршија на оглас за „шиткање“ или Џамбазов и Марија Луиса им приредија само мало плашење? (ВИДЕО)

Домашните миленици стануваат се помногубројни насекаде во светот, па и кај нас во Македонија. Што се луѓето поосамени, шансите се дотолку поголеми да чуваат, маче куче, хрчак, зајче,  папагал… а оние „похардкор вљубеници“ дури и тарантули, змии, гуштери… Зашто такво е времето, време на отуѓеност и разочарување, неретко дури и во најблиските. Не попусто  Шарл де Гол рекол: “Колку повеќе ги запознавам луѓето, толку повеќе ги засакувам животните”!

Ги сакаат и македонските јавни личности, а меѓу нив двајцата познати естрадни уметници. До душа едниот мултимедијалец, од актер, до водител, блузер до писател, другата само фолк пејачка. И обајцата љубители на домашните миленичиња, па меѓу останатото чувале и мачиња и кучиња, па дури и кози и јариња по дома, ама сега обајцата имаат по едно кутре.

Игор Џамбазов ја има својата темпераментна Ферхунде. Улична кучка која Игор ја прибра, или што би рекле „усвои“, а таа си присвои се што е негово. само што темпераментот и е таков што се’ што не и се допаѓа завршува во парам-парчиња. Ферхунде го гризе, кине, јаде, парчосува на ситни делчиња.

Трпи, ја, толерирај ја, простувај и, ама изгледа не се додржува, па откако нејзиното однесување на Џамбазов му збогтиса, реши да ја стави на продажба! И тоа со добро образложение истакнато во  нејзиното „дебело досие“.

„Се продава кучка од расата Дојрански вучјак. Јаде чорапи, патики, теписони, чаршафи, ќебиња. Упропастува дебитни картички и многу други важни документи. Обожува нотарски оригинали. Уништува двоседи, троседи, се’ до седмоседи.
Името и е Ферхунде, ама можете и да и го смените. Барем кај нас тоа не е невообичаено.
Цена: по ваша желба.
Ако немате ни толку, ја подарувам…“ – споделил Игор покрај објавената фотографија од кучката која му зиеде се’ живо , а најмногу „му ја јаде душата“!

Марија Луиса Тодоровска и порано живеела со разни „цимери“. Од кучиња и мачиња, до кози и јариња…

А, понекогаш  имала и понекоја неостварена желба…

При тоа веднаш да се разбереме, цимерката Тамара овде не спаѓа, за да не помисли некој безобразен дека имаме задни намери, за нејзините цимери.

Додека цимерката по цел ден е на работа,  за да не биде дома осамена, оти нејзе работата и е ноќе, пејачката неодамна си зема мало бело кученце. Бебе „Бишон“ или „Малтезер“ сеедно што ли е, важно е дека домашното милениче е повеќе од пргаво. Што најде – грицка, што ќе види го расфрла и разнесува по цела куќа. Откако и е дома, на Марија Луиса станот и е лом, па наместо „цакум-пакум“ и е „превртен наопаку“!

По што најпрвин реши да ја пријави за семејно насилство. Оти оваа живее заедно со неа, а психички и физички ја малтретира. Психички, оти ја нервира, а физички зашто мора постојано да оди по неа и средува.

Чашата ја прели моментот кога малечката кучка собра нешто од што ја фати срам пејачката. На Марија Луиса „и се споија жичките“ кога палавата бела и ги „украде“ танга гаќичките. Па со нив во уста и бегаше по цела стан, за пејачката да ја моли да и ги врати „за зорт за аман“…

Подоцна, некако страстите малку се смирија, ама на Марија Луиса не и помина лутината, па откако сфати дека вака повеќе не бива, почна гласно да размислува дека Бела ја спрема за продажба. И тоа на оглас, за 20 евра!

Се разбира и Џамбазов и Марија со своите кучиња само тераа шега. Не дека не го мислат и не е точно она што го напишале и кажале, ама ако мислите дека навистина Ферхунде и Белаби ги продале, дебело сте се излажале.

Зашто, ако нема грев што Бог нема да им го прости на луѓето, нема ни грев што сопственик не би му го простил на кучето. Зашто за секој грев на домашниот белјаџија, сепак има прошка!

Фото и видео: Инстаграм/luisa.todorovska/igordzambazov

To top