Пејачот Предраг Бошњаковиќ (35), познат на пошироката јавност преку учеството на популарниот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“, денеска загина по тешка сообраќајна несреќа.
Неговата мајка со потресни зборови се прости од Пеѓа на социјалните мрежи.
– Почивај во мир, анѓел – напиша мајката на Предраг.
Оваа тажна вест ги потресе неговите пријатели, колеги и бројни обожаватели, кои почнаа да се збогуваат со него преку социјалните мрежи.
Неговите профили на Инстаграм и Фејсбук се преплавени со пораки со сочувство, изрази на тага и неверување.
View this post on Instagram
Трагедијата се случила на обиколницата околу Палиќ околу 16 часот и 35 минути кога, како што е познато во моментов, Бошњак изгубил контрола над моторот и излетал од патот. Тој со тешки телесни повреди бил префрлен во Општата болница во Суботица каде, и покрај големите напори на лекарите, починал.
Музичката сцена загуби уште еден талентиран артист, а многумина ќе го паметат по неговиот препознатлив глас и харизма.
За време на учеството во „Ѕвездите на Гранда“ се покажа како одличен фолкер, а за време на натпреварот најмногу ги преферираше песните на Саша Матиќ.
фото: printscreen/instagram/Grandoline