Радио Милева најмилото

„Мојата мала панда“: Антониа Гиговска се реши да го покаже синчето во целост (фото)

„Мојата мала панда“: Антониа Гиговска се реши да го покаже синчето во целост (фото)

Поминаа девет месеци откако популарната пејачка Антониа Гиговска стана мајка, но моментите со приновата многу ретко ги споделува со публиката, речиси воопшто, но затоа нејзините профили на социјалните мрежи се полни со објави од настапите низ земјава.

Таа не само што реши млада да го продолжи поколението, туку и секојдневно покажува дека и тоа како ужива во благословот од Бога.

Уште штом ќе ги отвори очите најтоплата прегратка ја добива токму од бебето Киан за кое има време преку ден, особено деновите пред викенд додека не тргне на настап заедно со сопругот Роберт кој свири и го менаџира бендот.

– Конечно чувствувам само искрена, најискрена љубов на свет која некој ми ја дава. А тоа е ова мало мое мече. Инаку веќе сме на мам, мам – им откри мама.

Антониа за разика од мајките кои почесто сакаат да објавуваат фотографии со своите малечки, за неа тоа не е случај, туку ретка глетка од социјалните мрежи, па дури и кога се случува, тоа е делумно што досега сме видела само ноџиња, рачиња, грпче, но не и тоа колку нарасна Киан.

Сепак, понекогаш сака да зборува и да го покаже Киан кој во јули ќе полни една година, но се уште не решила да го покаже неговото лиценце за кое со јавноста сподели дека личи на тато Роберт и дека е кротко бебенце.

Сега, за промена мама Тониа речи да го покаже наследниот во целост, односно од друга перспектива како го држи во рацете, а притоа на следбениците да им покаже колку е порасната нејзината „мала панда“.

Популарната пејачка неодамна откри и дека желбата по рожбата на машко е да добие и девојче, па дури смислила и имиња.

А кога е така убаво и пред се’ има љубов, мултициплирањето едноставно природно се надовррзува, останува само прашањето на време…

фото:Instagram printscreen/ antoniagigovskaa

To top