Зорица Брунцлик никогаш не криела дека пораснала во сиромаштија, а денес таа и нејзиното семејство уживаат во прекрасен комплекс на периферијата на Белград.
Пејачката Зорица Брунцлик и хармоникашот Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш долги години се во хармоничен брак, а по краток престој во центарот на градот се преселиле во периферијата на градот, каде изградиле вистинска оаза во која живеат повеќе од четири децении.
Покрај неколкуте станбени згради, имаат и голем базен со нивните иницијали во дворот, викендица, и игротека со мебел за деца.
Воздушните снимки од имотот на пејачката и нејзиниот сопруг повеќе наликуваат на мини-град отколку на двор.
Иако сега ужива во раскош и изобилство, Зорица во неколку наврати потенцираше дека пораснала во сиромаштија.
– Бидејќи моите родители многу рано се разделија, мајка ми живееше во Смедерево, татко ми во Белград, а јас пораснав опкружена со сиромаштија, но и со богатство. Татко ми ме земаше и ме оставаше неколку месеци кај неговото пребогато семејство, само за инает на мајка ми. Живеев како дете во неговата куќа, носев најубава облека, ја јадев најубавата храна… По одредено време мајка ми доаѓаше да ме земе да ме однесе дома и тогаш најмногу ја мразев, бидејќи ме враќаше во сиромаштија – изјави еднаш Зорица за медиумите.
фото: print Screen/Instagram/zoricabrunclik_za_dusu