Киан Спасенцовски, синчето на пејачката Антониа Гиговска и музичарот Роберт Спасенцоски за првпат пред јавноста беше претставен на неговиот прв поденден кој се случи пред околу месец дена.
Оттогаш Кианче редовно е пред камерата од мобилните на мама и тато кои постојано објавуваат моменти од неговото растење и бебешки мигови од секојдневието.
Овој пат мама Антониа на своите стори објави видео од играта со својата „мала панда“ како што го нарекува или пак нејзиото „гушкалче“ кое кога е наспан убаво, му се погодило менито на бебешка храна, е тогаш е и тоа како расположен за игра, прегратки, насмевски, бакнежи.
Мама се топи во секоја секунда, а особено кога ќе „улови“ кадар со неговата преслатка реакција и насмевка.
Со малечко детенце деновите многу брзо минуваат, па додека трепнеш растат и го исполниле креветчето во кое до вчера биле едвај до пола.
Антониа и Роберт уживаат во родителството со сите предизвици кои ги носи, а не кријат дека сакаат сестричка за Киан.
фото:Instagram printscreen/ antoniagigovskaa