Докажано е дека витамините и минералите содржани во кромидот благотворно влијаат на целокупното здравје особено на кардиоваскуларниот и нервниот систем.
Освен тоа, оваа намирница делува и како природен антибиотик.
Богат со витамини и минерали, младиот кромид е вистинска ризница на хранливи и лековити состојки. Освен калиум, сулфур и разни олигоелементи, оваа нискокалорична намирница ги содржи и витамините Б1, Б2, Ц, Е, К, П (особено во зелениот дел), како и каротен, гликозиди, етерични масла и растителниот хормон глукокинин (сличен на инсулинот) кој го намалува нивото на шеќер во крвта.
Докажано е дека витамините и минералите содржани во кромидот благотворно делуваат на целокупното здравје, а особено на крадиоваскуларниот и нервниот систем. Освен тоа, благодарение на богатството од есенцијални масла и лековити ароматични супстанци, оваа лековита намирница делува како природен антибиотик и ги уништува штетните бактерии во цревата.
Сокот од младото кромидче се користи во народната медицина како лек против разни кожни инфекции. Помешан со лажица мед, помага при благите респираторни проблеми бидејќи го олеснува искашлувањето, го лекува воспалението на крајниците и зарипнатоста. И тоа не е се.
Младиот кромид има и диуретички својства поради што се користи и како природен лек за регулирање на варењето на храната.
Не им се препорачува единствено на лицата кои страдаат од гастритис бидејќи стимулира лачење на желудечни сокови.
фото: FreePik