Радио Милева крај на гласините

Милица Тодоровиќ ја реши дилемата и конечно ја откри вистината за свршеничкиот прстен: „Тoa се рубини“ (фото)

Милица Тодоровиќ ја реши дилемата и конечно ја откри вистината за свршеничкиот прстен: „Тoa се рубини“ (фото)

Пејачката стави крај на гласините за свршувачката со бизнисмен од Хрватска.

Пејачката Милица Тодоровиќ неодамна наводно се верила со своето ново момче, бизнисменот Марио, кој наводно потрошил дури 150.000 евра за прстенот.

Иако не се огласи на оваа тема и не сака да зборува за приватниот живот, Милица конечно проговори за прстенот кој привлече големо внимание во јавноста.

– Ова е прстен што си го купив за себе. Тоа се рубини против негативна енергија, затоа и го купив. Сите мислат дека тоа е веренички прстен, но не е и јас не би зборувала повеќе за тоа“, открила Милица за Гранд.

По објавувањето на свршувачката, во јавноста се појавија првите заеднички фотографии од пејачката и Марио. Се зборуваше дека се во врска неколку месеци, дека живеат заедно.

Како што пренесуваат локалните медиуми, Милица и Марио се на иста возраст, се гледаат редовно и не ја кријат врската од блиските пријатели.

фото: printscreen/instagram

To top