Радио Милева „гола нога“

Милена Антовска со шлицот до препони ги ококори ранобудниците кога вклучија ТВ

Милена Антовска со шлицот до препони ги ококори ранобудниците кога вклучија ТВ

Водителките на утринската програма „Здраво Македонио“ како што е ред секојдневно си се дотерани и стокмени од глава до петици за пред камери, која повеќе, која помналку, ама секоја од нив знае да изненади со некој провокативен елемент на себе.

Овој пат тоа беше Милена Антовска.

Навидум одмерна и елегантна во розовиот плисе фустан, арно ама кога сакаше да го презентира изгледот пред своите следбеници како што тоа редовно го прави, изборот излезе дека баш храбар за утринска, напрвин прикриен со дланката.

Шлицот до препони се отвори до незгодно место, а таа очигледно задоволна со вистинскот избор за себе, тоа го сугерира и за дамите кои сакаат нешто слично на себе, па им го предлага како модна идеја и модел за некоја пригода.

Што „ловеа“ камерите рано наутро, најдобро знаат ранобудниците кои ја следат, а ако и шлицот ги добил „своите минути“, нема сомнеж дека бил „тригер“ за расонување.

фото:Instagram printscreen/milena_antovska

To top