Радио Милева Од Драч за Бари со фери...

Миа Костова тргна на патешествие преку Албанија за Италија, па превозот и се погоди, ама оброкот тотално го промаши: „Ако некогаш се најдете на бродовиве, никогаш не јадете во бифето“! (ФОТО)

Миа Костова тргна на патешествие преку Албанија за Италија, па превозот и се погоди, ама оброкот тотално го промаши: „Ако некогаш се најдете на бродовиве, никогаш не јадете во бифето“! (ФОТО)

Миа Костова заедно со синчето Андрија и најблиската пријателка Тијана тргна во ново пролетно патешествие. Овој пат од Скопје со кола до  Драч во Албанија, а потоа со фериброд за Бари во Италија.

Пат како пат, мора на се да си подготвен, па и на тоа дека не може од Скопје до Бари да си гладен. И тоа не е некој проблем, освен, ако самиот не се ставиш во истиот. На копно има мноштво бензински пумпи со ланч ресторанчиња, а и мноштво кафанчиња, па кетерингот дур си на сфалт и не е некоја главоболка.

Арно ама, штом ќе стигнеш на пристаниште и се качиш во морското пловило за превоз, во случајов фериброд, работие од корен се менуваат, а може и да се искомпликуваат, како во случајот на Миа.

Гладен не се патува по морската шир, па штом дојде време за оброк, ручек или вечера сеедно, посетата на бродското бифе е следното нешто.

Е сега и таму има ваков и таков избор, ама ако сте на „фит режим“ како што Миа преферира, големи се шансите оброкот наместо да ве засити,  баеги да ве изнервира.  Оттаму и препораката на инфлуенсерката:

„Ако некогаш се најдете на бродовиве, никогаш не јаде те во бифето. Ќе ја паметите храната засекогаш. При тоа ќе ве чини како да јадете Мишелин, а јадете недоодмрзнат зеленчук од ќеса и салата како на времето исецкана во 12 сабајле, послужена сега… Не се прајте фит, јадете си пица. Нема на што!“

Остана само нејасна една работа. Што тоа сакаше да каже, на што поконкретно мислеше русокосата со она: „Ќе ја запаметите храната засекогаш?“ Дали можеби повеќе и остана во сеќавање понудата од бифето или како последица на истата, амбиентот во фери тоалетот?

Фото: Инстаграм/miandrija

To top