Милица Тодоровиќ откри дека по раѓањето на синот Богдан тешко ѝ паѓа да се одвојува од него и дека мајчинството значително ѝ го променило животот.
Пејачката Милица Тодоровиќ отворено зборуваше за тоа колку ѝ се променил животот по раѓањето на синот Богдан и откри дека редовно оди на психотерапија.
Милица Тодоровиќ искрено зборуваше за тешкиот животен период низ кој поминала, за борбата со сопствените емоции, мајчинството по раѓањето на синот Богдан, но и за тоа како гледа на љубовта и менталното здравје.
Гостувајќи во емисија, Милица се осврна на мајчинството и откри колку тешко ѝ паѓа одвојувањето од синот.

– Ова е прва емисија откако се породив во која зборувам толку многу за бебето. Ми беше тешко, никој не ме праша која е вистинската вистина – рекла пејачката.
Таа признала дека по породувањето се соочила со хормонални промени и тешки моменти, но дека решение побарала на вистинското место – кај стручни лица.
– Знаеш, кога ќе одиш кај психотерапевт, не знам дали некогаш си одела, јас редовно одам, веднаш почнувам да плачам – искрена била Милица, нагласувајќи дека одењето кај психијатар или терапевт не треба да биде табу тема.
Зборувајќи за својот емотивен живот и начинот на кој сака, пејачката во својот препознатлив, духовит стил признала како реагира кога ќе се вљуби:
– Кога ќе се вљубам, сум будала – изјави низ насмевка во емисијата „Stars TV Show“.
Иако одвојувањето од синот поради работните обврски и настапите не ѝ паѓа лесно, Милица истакнува дека успева да ги балансира мајчинството и кариерата и дека, и покрај сите предизвици, моментално е среќна и исполнета.
foto: printscreen/instgaram/milicatodorovicofficial





