Јавноста згрозена и шокирана од монструозниот чин на сквернавење на гробот на покојниот Зоран Василевски познат како Зоки Фаци се уште не може да си дојде при себе дека вакви бизарности нам ни се случуваат.
Најзгрозени, но и најгневни секако семејството и најблиските на покојниот естраден новинар и водител. Покрај нив и неговите најблиски пријатели, меѓу кои Стефан Лазаров кој прв го обзнани сквернувањето на вечното почивалиште на Зоки Фаци, а по него со свое чувство на неверување и гнев се јави и некогашната ТВ водителка и позната трендсетерка, Мелита Ракичевиќ.
Таа на социјалните мрежи објави кусо видео во кое стои: „Откопан гробот на мојот Зоки Фаци. Нема веќе човечност, јас не можам да сфатам ваква злоба… Свет на монструми“ – споделила Мелита.
Освен што го обзнанува и згрозена и шокирана го осудува ваквиот вандалски чин, екс водителката повикува да се здружиме, па сите кои имаат било каква инфорација за починителите на ваквиот монструозен чин, да помогнат и да ја достават.
@melita_mel7♬ original sound – Melita
Во описот на видеото во кое објавила уште повеќе вознимирувачки фотографии со расфрлани предмети и делови од погребната опрема на покојниот Фаци, Мелита споделила:
„Згрозена сум… Шокирана и не ми се верува. Гробот на Зоки Фаци Василевски отворен, откопан, нечовечки оштетен. без капак сандакот и земени предметите на Зоки.
Нешто поморбидно не сум видела. Дали се ова луѓе или чудовишта? Ах, само да се откријат овие накази. не е прв случај, но мор да се спречи. Семејството на Зоки е во уште поголема болка. Грозоморно!“ – пишува таа.
Фото: Инстаграм/melitameli
Видео: ТикТок/melita_mel7