Атрактивна, сексапилна, привлечна, пожелна, неодолива… Во времето кога работеше на телевизија љубителите на домашните миленици, а и оние на убавите ТВ водителки не ги тргаа погледите од своите телевизори. Првите заради нејзиното умеење и познавање кое го презентираше во веројатно најгледаното домашно ТВ шоу од ваков вид, легендарното „Пет шоу“, а вторите заради нејзината фатална привлечност со која зрачеше дури и преку ТВ екраните.
Иако со години не беше на телевизија и до ден денес остана дури и многу попозната јавна фаца од некои кои секојдневно ги гледате на ТВ.
Понекогаш контроверзна, понекогаш скандалозна, ама секогаш своја, достојна на своите принципи и начин на живот. И тогаш кога јавноста се обидуваше да ја распне и тогаш кога мноумина осудуваа, таа остана верна на себе и своите уверувања, дека попрво би умрела од страст отколку од досада!
ТВ екраните ги замени со социјалните мрежи каде неретко го споделува сиот свој телесен раскош, со кој и многу од помладите не би се осудиле да се носат. Но го споделува и начинот на живот, честите патувања, егзотичните дестинации, како и сите оние мигови од животот кој се’ уште го живее со полни гради.
Нејзината ќерка Барбара е нејзина наследничка на која таа е горда мајка која ја подучува за многу работи, а сепак ја остава по својот пат и самата да чекори.
За нејзините пријатели и непријатели, за некогашните ТВ ангажмани и идните планови, за ТВ професијата која ја прослави и оваа новата, инфлуенсерството со кое многумина сакаат да станат славни преку социјалните мрежи, за аферите и трачевите, за озборувањата и квалификациите, за стравот од стареење или гордоста на годините, за животот и ноќните забави во она и ова време…
Но и за естетските зафати и тетоважите, за ботоксот и силиконите, за еротската понуда и фетишите, за опседнатоста со сопственото тело и убавина, за фотографиите и фотошопот, за љубовта и страста, бракот и разводот, за ќерка и Барбара и нејзината кариера, за последните настани со вандалскиот чин и насилната ексхумацијата на посмртните останки на нејзиниот пријател Зоки Фаци…
И за уште триста други „тракатанци“ со скопската ведета која се’ уште важи за урбана елита, едната и единствена Мелита… во интер ток шоуто „Ништо лично“ со Антонио Димитриевски.
Ако сте ја гледале премиерата која оди секоја СРЕДА, во 20 часот на YouTube каналот на КурирМК (, овој поткаст сигурно ќе го гледате барем уште најмалку еднаш. Но доколку сте ја пропуштиле, погледнете го интер ток шоуто кое ви ја открива душата на најпознатата македонска трендсетерка.