Радио Милева женствено

Мелита Ракиќевиќ откри кој дел од телото и е омилен (фото +видео)

Мелита Ракиќевиќ откри кој дел од телото и е омилен (фото +видео)

Некогашната македонската ТВ водителка Мелита Ракиќевиќ редовно е активна на социјалната мрежа Инстаграм.

Таа иако веќе оддамна  не е дел од ТВ екраните, нејзината популарност расте, а обожавателите често се љубопитни за неа и за нејзиниот приватен живот.

Мелита одвреме навреме знае да сподели провокативни фотографии на кои ги истакнува нејзините облини,  а сега пред следбениците откри кој е нејзиниот омилен дел од телото.

Овој пат поранешната водителка одговараше на прашања преку „Инстаграм приказната“, а сите кои ја следат ја опсипаа со коментари и директни пораки.

Тие ја прашаа за нејзиниот живот, а едно од нив се однесуваше на тоа која е нејзината најомилена поза од видео или фотографија ?

– „Имам повеќе омилени, но секогаш внимавам нозете да ми се убаво, женствено наместени“  – искрена беше Мели.

Секако, бидејќи посочи на што најмногу внимава следеше и прашањето кој дел од нејзиното тело и е најомилен и најмногу сѐ гордее?

„Нозете“   – кратко и јасно им откри таа.

Понатаму Мелита на некои коментари неупотребуваше зборови туку визуелно одговараше. Таков беше случајот и со омилените бикини. Каде наместо одговор таа ги  покажа.

 

Веројатно  тоа на  многу им се допадна па ја прашаа и дали би почнала да снима лајфови и за ТикТок.

Нејзината одлука уште е на „loading“ иако верува дека ќе биде интересно.

Дали Мелита ќе размисли да снима или не останува да следиме и да дознаеме, кои од плановите набрзо ќе ги исполни.

фото: printscreen/instagram/melitameli

To top