Промотер

Мелани не трпи измами, секој прв обид е и последен пат, веднаш влече потег, добиваш – „Шах – Мат“ (ВИДЕО)

Мелани не трпи измами, секој прв обид е и последен пат, веднаш влече потег, добиваш – „Шах – Мат“ (ВИДЕО)

Наследничката на Соња и Јохан Трачуловски, младата и убавата пејачка  Мелани гордо чекори по стапките на нејзината мајка покажувајќи дека се подобро и посигурно плива во естрадно – музичките води.

Деновиве синооката убавица во етерот промовираше нова песна и видеозапис за истата,  која носи мошне загадочен наслов – „Шах-Мат“. Интересно е тоа што самата пејачката се потпишува како комплетен кантавтор на оваа мелодија, вклучувајќи ги и музиката и текстот на песната.

Музички, се работи за современа поп песна, спакувана во ар ен би ритам, со заразен рефрен кој се повторува и лесно влегува во уво, со потенцијал бргу да стне летен на хит во зависност од тоа колку ќе ја вртат радиостаниците. Битот, аранжманот, миксот и мастерингот ги потпишува Andrej Nik.

Особено впечатливи се стиховите кои имаат доволно провокативна конотација, чија содржината јасно кажува дека Мелани не трпи измами… Секој прв обид ќе  ви биде и последен пат, зашто пејачката веднаш влече потег и добиваш – „Шах – Мат“…  таков и е карактерот, барем така вели приказната во песната.

Песната е визуелизирана со едноставно, но доволно ефектно, впечатливо и пред се’ функционално видео во кое самата пејачка ја води играта и ја има главната улога. Латентна провокација и евидентна доминација… Па, „кој му стиска“ нека проба да биде „неартикулиран“ пред да биде „матиран“!

Изработката на видето комплетно ја потпишува Solution plus studio, зад која стои проверениот видеомејкер – Billy D.

Потсетуваме, Мелани е најстара ќерка на Соња и Јохан Тарчуловски, кои покрај неа го имаат и синот Младен, како и ќерката Јоана која ова лето  наполни 10 години.

Како звучи и изгледа Мелани во нејзинат најнова музичка креација насловена „Шах-Мат“, прослете од видеото во продолжение…

To top