Мартин Трпчевски „повозрасните деца“ го паметат уште од улогите во детските ТВ серии на МРТ како „Втората смена“, „Големи и мали“, „Цвеќе на карпата“… Додека оние малку помалку возрасните се сеќаваат на можеби првиот естраден ТВ магазин „99 action“, по кој тој го доби и прекарот кој го следи до ден денешен – Мартин – „Најти најн“.


Оддамна не е во ТВ или шоу бизнисот, но се’ уште е впечатлив препознатлив лик. Токму затоа неговата последна објава за малку што не пшокираше многумина, особено оние кои баш и добро не го познаваат.

Имено, На неговиот Фејсбук осамна пост за разделба. А Мартин 99 со тешко срце ја опиша истата.
“Сузи моја… со тешко срце го пишувам ова, ама животот е таков“… Се запознавме 2008 и оттогаш поминавме сито и решето заедно…“ – се првите зборови кои „ги извадија од кондури“ многумина, особено оние кои од шокот не го ни дочитале постот.
„Па, како Сузи? Нели Мартин е оженет за Моника? Која му е сега пак оваа? Блиска пријателка или некоја роднина?“ – се прашуваа едните мислејќи дека некогашниот актер и ТВ водител се разделува од некоја личност, додека другите нагаѓаа нешто сосема поинакво.
„Сигурно Сузи е домашен миленик, кучка или мачка, можеби женка хрчак или папагалче…?“ Асоцирајќи на тоа дека некој, скраја да е заминал од овој свет или некоја од животинките пцовисала!?

Арно ама, за среќа ниту оддалеку нее така. таков му е само стилот, поточно смисолот за хумор на чешитиот Мартин, кој за оние кој незнаат веднаш и самиот појаснил за што се работи во продолжението на својот пост.

Имено, на нему блиските им е добро познато дека Мартин „99“ Трпчевски меѓудругото е страствен моторџија.

А Сузи, е всушност неговиот мотор, неговата сега веќе „стара макина“ – Suzuki V-Storm, на која и дошло ред да биде заменета со некоја понова.

Патем, за потсетување, поранешниот актер и ТВ водител водител Мартин Трпчевски или познат како Мартин 99 е среќно оженет со сопругата Моника, со која денес има две дечиња, односно тие се е горди родители на преслатко девојче (2016) кое во 2017-та доби и братче.

А Сузи…? Веројатно ќе ја замени некоја Јами ( Јамаха), некоја Саки (Кавасаки), можеби Бенџи (БМВ) или сепак Мартин ќе остане верен на името и марката, па Сузи ќе си остане Сузи, само некоја помлада, понова? Можеби и гланц нова Суз(ук)и… Или барем, малку „јавана?!

Фото: Фејсбук/Martin Apostolot Trpcevski






