Радио Милева на телесна реформа...

Мартија Станојковиќ со нови вибрации во подготовка за пролетни комбинации: За летни селфија и извајано тело без мана, на пролетно потење во теретана (ФОТО)

Мартија Станојковиќ со нови вибрации во подготовка за пролетни комбинации: За летни селфија и извајано тело без мана, на пролетно потење во теретана (ФОТО)

Македонските јавни личности како и останатите веќе уживат во стартот на пролетта, а социјалната мрежа Инстаграм ја преполнија со пролетни фотографии од расцветани дрвца, ведро небо, а некои веќе заминаа да го почувствуваат  и мирисот на морето…

Дека сонцето сите ги потсетува на лето беше доказ и објавата на познатата ТВ водителката и инфлуенсерка Елена Најдоски која и кажа добредојде на пролета, а летото веќе  како да е тука…

Така е и за младата пејачка Мартија Станојковиќ па пристигнувањето на пролетта за неа значеше само едно, а тоа веднаш го сподели и со нејзините следбеници.

Таа неодамна сподели стара фотографија на која покажа дека премногу  и недостига летото, а едноставното решение за летната комбинација за неа е костимот за капење во кој  се чувствува слободно и секси.

Но, за да е тоа така таа уште сега почна да се подготвува и да го ваја телото со кое ќе може на раат да прави селфи фотографии со кои ќе го привлекува вниманието на јавноста.

Затоа засега доволно е да не ја одминува теретаната и дисциплинирано да се посвети само на тренинзите кои ќе ја одржат во форма.

„Подготвувајќи се за пролетните комбинации“  – напиша таа на кратката објава со која и кажа добредојде на пролетта.

Потсетникот на Мартија дефинитивно е во право време, а местото одберете го сами и охрабрете се да го покажете најдоброто од себе и да изгледате беспрекорно во сите про(летни)  комбинации.

Фото: printskrin/instagram/martijastanojkovic

To top