Радио Милева кој чека - ќе дочека...

Марија Спасовска со радикална промена, па од денес вака… менува курс: „Автобус… нема автобус!“ (ВИДЕО)

Марија Спасовска со радикална промена, па од денес вака… менува курс: „Автобус… нема автобус!“ (ВИДЕО)

Во животот на младата македонска пејачка Марија Спасовска се случи радикална промена… Како што кариерата и е во пораст, така потребите да се движи во разни правци и насоки, на различни локации, во различно време, се зголемија.

Настапите се доцна навечер, ТВ снимањата исто така, понекогаш и надвор од Скопје, а и кога ги нема, ноќните  излегувања како и секоја млада девојка  ја врзуваат да мора или порано да се враќа дома или да плаќа такси, кое ако го користиш секојдевно по неколку пати во денот е погубно за домашниот буџет.

Родителите  насекаде и во секое време баш и не можат да ти бидат на располагање за превоз, така што она што ти преостанува е едвај да чекаш да се стекнеш со право да почнеш да полагаш за возачка дозвола.

Арно ама, едно е да почнеш, а сосема друго да дојдеш до истата… Е за тоа треба „еден цел факултет да завршиш“, како што умеат повозрасните да кажат! Можеби не е баш така, ама не се далеку ниту од вистината, што лично на своја кожа го почувствува и младата пејачка, кога е во прашање добивањето возачка дозвола!

„И конечно Марија со возачка… Од август лани, почнав да земам часови и се’ по ред, ама бидејќи треба едно 40 пати да паднеш, ме фати пролет… Март! Излегов од процесот на Јозеф Кафка… Мислев дека нема крај, ама…“ – си ги раскажа возачките маки Марија, целата среќна во својот автомобил, додека го возеше од МВР во МРТ – местото каде што се подигаат личните документи, меѓу кои и возачките дозволи… За жал со она „Северна“, ама тоа друга приказна.

На почетокот на оваа сторија, на која на среќата на младата пејачка и немаше крај, Марија излегувајќи од институцијата гордо ја покажа возачката радосно тешејќи се:

„Од денеска вака… Автобус? Нема автобус!  Кој чека – ќе дочека“ – се пофали со возачката пресреќната Марија… До душа, претходно се изначека, ама ако… Некој чека и довека!

Сега кога ја има возачката, останува само да ги почитува сообраќајните прописи и правила, а безбедноста да и биде “Број еден“.  Зад воланот не е баш пожелно да се покажува „Темперамент“, зашто како што е општо познато, тоа може да биде многу „Опасно“!  

Е сега, тоа што сигурносниот појас никаде го нема во кадарот додека пејачката сака да ви ја долови својата сторија за целата историја на полагањето е само заради потребите на видеото. За да не пречи додека Марија ја раскажува приказната за „патот до возачката“…

Инаку, појасот редовно го става, го закопчува веднаш штом седне во  седиште, па става во прва дури откако ќе се слушне она „клик“ и појасот ќе влезе го во неговото лежиште!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Spasovska (@marija.spasovska)

Фото: Инстаграм/marija.spasovska

To top