„Скопје е на нозе! 15.020 учесници, илјадници лични приказни и еден град што денес дише во ритамот на спортот“, објави градоначалникот на македонската престолнина Орце Ѓорѓиевски, означувајќи го стартот на вчерашното 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, на кој годинава учествуваат рекордни 15.020 натпреварувачи.

Меѓу нив секакви ликови… Професионалци, аматери, рекреативци… Во различна спортска комбинација, понекои во чудни костими, а сите со два мотива: еден личен – со своја цел, со своја мотивација и со своја приказна и еден заеднички – со секој чекор, заедно да ја испишат една од најубавите спортски приказни на Скопје и Македонија.

Меѓу сите учесници и некои познати, популарни лица, меѓу другото и од естрадата… Како на пример, младата македонска кантавторка и поп пејачка Марија Спасовска. Денес музичко име, но во минатото ракометарка, на која трчањето и тренинзите кои бараат физички напор и кондиција не и се непознаница. Токму затоа пејачката сериозно си ја сфатила работата, поставувајќи си лична цел: Да се победи(ш)… самата себе си… И во целост ја исполни!

Патем, мотивација најде во песната… Во темпо со променлив ритам низ скопските булевари, а во слушалките еден ист ритам и истата песна во луп над 15 пати… Упорноста за некого карактерна особина, за некого рутина! Што физичка, што музичка – ( „Рутина“ – насловот на песната на Таско)!
И на Марија вака или така и успеа… Нејзиниот тим во штафетниот маратон се пласираше на 26-тото место од вкупно 196 тимови! Или за да биде појасно, разглобено на делови тоа би изгледало вака:
– Relay Marathon: Натпревар во кој маратонската патека (од околу 42,2 km) не ја трча сам еден човек, туку е поделена меѓу повеќе членови на ист тим (обично 2, 4 или повеќе тркачи) кои си ја предаваат штафетата.
– 26-th: Крајната позиција/пласман на тимот (26-ти по брзина).
-Оut of 196: Вкупниот број на тимови што учествувале во таа категорија.

Затоа денес после напорната и исцрпувачка трка „растрчаната роденденка денот што го чекаме цела гоdина“ може да си дозволи да го прослави со најголемото парче од роденденската торта! Епа… Среќен роденден маратонке!

Фото: Идеалаб и Инстаграм/marija.spasovska





