Радио Милева првиот заеднички одмор

Марија Шерифовиќ со синот на море – еве кој им прави друштво (фото)

Марија Шерифовиќ со синот на море – еве кој им прави друштво (фото)

Популарната пејачка и член на жирито на популарното натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, Марија Шерифовиќ, го однесе својот син Марио на првиот заеднички одмор, а сите детали од патувањето ги сними во својот нов блог кој се наоѓа на Јутјуб.

Марија и Марио досега патувале само два пати, а гордата мајка истакнува дека сега и е полесно и дека момчето веќе се навикнало на авионот.

Тие ќе поминат неколку дена во Црна Гора, додека Марија ја искористила приликата да ги однесе и пријателите на патувањето.

– Денеска отидовме на првиот одмор, па да видиме што ќе биде. Сине, имаш ли нешто да кажеш? Ќе полудам со него – изјави Марија на самиот почеток на влогот.

Дека целиот тим е задолжен да им го олесни одморот на Марија и нејзиниот син говори и тоа што пејачката покрај жената која се грижи за Марија со себе понела и стоматолог на одмор.

– Сега сме сите заедно, единствената личност што ми треба, покрај Мари и неговата бебиситерка, е мојот стоматолог доколку ми испаднат протезите, за да не се враќам во Белград – изјавила пејачката.

На одмор им се придружи и пејачката Јована Пајиќ, а Марија со другарките уживаше во одмор, пливање, сончање и следење на Европското фудбалско првенство.

фото: printskrin/instagram/serifovic

To top