Пејачката Марија Шерифовиќ преку социјалната мрежа Инстаграм се пофали дека нејзиниот наследник Марио го облекла во кошулата на неговата 40-годишна баба.
Марија Шерифовиќ во декември 2023 година доби син со помош на сурогат мајка во Соединетите Американски Држави, а момчето го крсти Марио.
Пејачката често споделува моменти од семејниот дом со својот наследник, а сега покажа дека малечкиот го облекла во кошулата на нејзината мајка Верица Шерифовиќ која е стара 40 години.
– Патувавме, се селевме, изгубивме што не . Ова успеавме да го спасиме. Една кошула. И по 40 години Јуниор ја носи кошулата на баба- напиша Марија со срце емотикон.
Да потсетиме, Марија Шерифовиќ вчера, 23 септември, ги извести своите следбеници на Инстаграм дека малиот Марио ги направил првите чекори, и се пошегува на тоа.
– Тоа е тоа! Ние сме најдобри! Дискусхернија – напиша Марија која смета дека ќе има проблем со грбот поради свиткување, што ги насмеа обожавателите.
фото: printscreen/instagram/serifovic