Радио Милева нејзиниот рај

Марија Шерифовиќ би се отселила од Србија, но само ако има ваква ултра ВИП локација

Марија Шерифовиќ би се отселила од Србија, но само ако има ваква ултра ВИП локација

Пред неколку дена, Марија Шерифовиќ објави дека по десет години го напушта „Ѕвезде Гранда“, по што се појави контроверзност околу нејзините идни планови.

По овој повод, таа сега се огласи на својот Инстаграм профил во својот препознатлив, духовит стил.
Имено, Марија се пошегува и објави видео од куќа среде густа шума со текст „Ќе изградам куќа некаде во планината“.

Да потсетиме, по одлуката дека повеќе нема да биде во жирито на „Ѕвезде Гранда“, Марија јавно им се обрати на сите со емотивни зборови.

– Сигурна сум дека во неколку реченици не можам да ги сместам сите емоции што ги чувствувам додека го пишувам ова. По 10 години поминати во жирито на шоуто „Ѕвезде Гранда“, чувствувам дека дојде моментот да го затворам ова важно поглавје од мојот живот и кариера. Сите овие години беа многу повеќе од работа. Беше одлично, незаборавно искуство – полно со смеа, солзи, дискусии, надеж и неверојатни млади луѓе кои ме инспирираа и ме потсетија зошто музиката има моќ да менува животи – рече таа и додаде:

– Низ сите овие сезони, растев и како уметник и како личност. Имав среќа да го научам овој бизнис од најдобрите. Од мојот Сале, кој сигурно би се расправал со мене денес. Ви благодарам за можноста да бидете дел од ова рајско место. Беше чест, директоре- напиша Марија.

фото:instagram printscreen/serifovic

To top