Радио Милева бидермаер или невеста?

Марија Луиса во венчаница, мајка и пресреќна дека ќерка и конечно ќе биде невеста, арно ама… Пејачката уште оддамна и на видео покажа дека сака мажи, ама не и дека сака да се мажи (ФОТО+ВИДЕО)

Марија Луиса во венчаница, мајка и пресреќна дека ќерка и конечно ќе биде невеста, арно ама… Пејачката уште оддамна и на видео покажа дека сака мажи, ама не и дека сака да се мажи (ФОТО+ВИДЕО)

Македонската пејачка марија Луиса Тодоровска во нова Инстаграм стори преписка… Овој пат со нејзината родена мајка. До душа кратка, ама ефектна… Или поточно – шокантна! За мајка и секако!

А како и не би била кога битолчанката на привремен престој во Скопје, најпрвин сподели фотографија во бела невестинска венчаница. Многумина шокирани или во најмала рака изненадени, само мајка и пресреќна. Ама не за долго. Зашто жената таман се израдува дека ќерка и конечно ќе биде невеста, кога Марија и го скрши и ќеифот и атерот, покажувајќи го повторно на виделина мајтапот… со мама!

„Мамо, ти се допаѓам како невеста?“ – ја прашува во првата порака поктрај фотографијата марија Луиса мајка и.

„Преубава“ – возвраќа жената, сомничаво потпрашувајаќи:

„А што е ова некој модел? Рекламираш?“

„Епа зачувај си ја сликата, зашто само вака можеш да ме видиш невеста“ – и ги уништи и расположението и надежта пејачката на својата мајка.

Реакцијата на изнервираната госпоѓа, разбирливо, прилично спонтана… „Мрш, бу*ала една!“

А ова и не е првв пат Марија Луиса  мајка и „да ја вади од папучи“ кога е во прашање нејзината евентуална свадба. Така на пример,  не така оддамна „ја зацрни“ жената откако сподели, па и  испрати  фотографии како би изгледал свадбениот аутфит во кој себе си се гледа и се замислува како евентуална невеста. Над се’, покрај облеката, обувките, свенчалниот прстен, дури и целата свадбена декорација во салата украсена во црно… Од столиците, чаршафите на масите и чиниите, до салфетките и свеќите… Со еден збор „Црна свадба“!

Жената шокирана од „црнилата“ на нејзината ќерка и пишала во порака по битолски: „Јас не ти идам на свадба да знајш… Само преку мене мртва, во црно не се прај свадба“!

Така тогаш така и сега, Марија Луиса во венчаница, мајка и пресреќна дека ќерка и конечно ќе биде невеста, арно ама… А можеби пејачката има и зошто вака сразмислува, можеби има и добра причина, особено ако може да и се верува по една нејзина писмена изјава на фото објава:

Освен тоа, пејачката уште оддамна и на видео покажа дека сака мажи, ама не и дека сака да се мажи… Не, барем засега!

@marijaluisa8♬ original sound – PopFolkLyrics

Фото: Инстаграм/luisa.todorovska

Видео: ТикТок/marijaluisa8

To top