Тезите: „Алал да им е само си пејат“, „Животот им е песна“… и сл. кои најчесто им ги лепат на естрадните уметници, очигледно се само само празни фрази за аматери и почетници. Зашто естрадната професија колку навидум да изфледа лесна и весела, всушност е многу тешка и неизвесна, полна со разни ризици… од тоа дека е тотално неизвесна, зашто денес си, утре не си познат и популарен и никој повеќе не те бара да свириш, пееш, настапуваш, преку расправиите и мноштвото непријатности од неразбрани газди до пијани гости, па се до ноќните или поточно раните утрински часови кога од еден град во друг, од завршена тезга до дома треба да се минат мноштво километри.
И кога грлото претходно ти е суво, па нешто алкохолно ти се пие, до тоа кога потоа на пат кон дома си зад воланот, а душата ти спие.
Токму овој последниов ризик е и најопасен, зашто сообраќани незгоди секоја вечер се случуваат, иако во нив естрадните уметници ретко учествуваат… Ама сепак се случува.
Таква сообраќајна незгода изминатиов викенд доживеа и македонскат пејачка Марија Луиса Тодоровска.
Имено, пејачката на своите Инстаграм приказни објави кусо клипче од смачканиот автомобил, чија предна страна е тотално уништена.
Видеото и фотографиите укажуваат дека сообраќајката се случила доцна навечер или евентуално во раните утрински часови кога најверојатно Марија и нејзината „сестра од друга мајка“ Тамара, која во последно време од неа е неразделна, се враќале од некоја тезга, од некој ноќен настап…?
„Штом ова го преживеавме, ќе преживееме се’ во животот сестичке“ – споделила Марија Луиса во Инстаграм приказните.
На видеото исто така не се гледа дека има друг автомобил, што значи дека онаа што возела, изгубила контрола и самта удрила во нешто… Веројатно во заштитната ограда? Но тоа се само претпоставки, а деталите Марија би можела да ги обелодени.
Она што во меѓувреме го обелодени се дополнителните видеа и фотографии, на кои се гледа дека пејачката нема посериозни повреди, не барем со голо око видливи.
Нејзината пријателка Тамара малку полошо поминала, што е очигледно видливо, ама сепак освен набиеници, грабнатинки и модринки… по се’ изгледа ништо страшно. Освена ако не дај Боже, нема нешто што не се гледа, што веројатно и не е така!
Двете испружени на постела додека со свежи јагоди ги лечат траумите од собраќајката, пејачката и нејзината „близначка“ порачаа: „Да не не мислите“!
Ним пак во мислите им е како до нов автомобил… Можеби од истата марка, ама овој пат баеги поголем – џип! Дотогаш, Марија и Тамара седнаа да ја проучат кармата… Поточно, нејзината дијагностика, за да не се случи не дај Боже, повторно со неа да им се вкрстат патиштата!
Нека е со помин и нема потреба од драма… Така сакало да биде, чиста карма! За среќа, со лесен здравствен епилог и за жал, со малку поголема материјална штета!
МАРИЈА ЛУИСА ТОДОРОВСКА СЕПАК НЕ БИЛА ВО КОЛАТА, СООБРАЌАЈКАТА СЕ СЛУЧИЛА САМО ШТО СЛЕГЛА ОД НЕА
П.С. Во меѓувреме успеавме да ја исконтактираме Марија Луиса Тодоровска која одговори на нашиот повик и од прва рака раскажа што се случило.
„Одевме за Гевгелија… Требаше да пејам на ергенска вечер и само што ме остави назад на враќање пред гевгелиската патарина некој Голф 5-ка нагло закочил пред неа и се вкопал во место. За да го избегне и не удри во него не знаејќи дали има деца во автомобилот, Тамара нагло завртела, но не успеала да закочи до крај и завршила во банкината“ – изјави Марија Луиса, која порача дека нејзината другарка е добро и се опоравува од шокот и траумата.
Фото: Инстаграм/luisa.todorovska