Откако во месец декември минатата година со мала свечена веселба ја обележа свршувачката, сега финалистот на една од претходните сезони на музичкото натпреварување „Ѕвезде Гранда“, и победник на втората сезона од „Пинк ѕвезди“, Мите Стоилков правеше свадба голема.
Талентираниот Мите и неговата сакана Марија го кажаа судбоносното „да“, а атмосферата на свадбата според се’ она објавено на социјалните мрежи била на исклучително весело ниво.
Се терале сите адети, младоженецот ја земал невестата од кај родителите, а токму во тие еуфорични и возбудливи моменти не се штедел да ги кити со бакшиш и музичарите каде се гледа дека до него бил и младиот Трајче Ѓоргиев попознат од „Пинк ѕвездички“, а инаку братучед на Мите.
Најсреќниот ден во нивниот живот во свечената сала започна со првиот танц на песната „Буди буна“ на Марко Тоља каде младите изгледаа како во бајка, а присутните воодушевени кога покрај нив осветли свадбениот огномет.
Одличната свадбена веселба траела до доцна во ноќта, а Мите покажа дека е вистински мајстор за емоциите, што беше и една од причините што неодамна беше избран за пејач на „Jay Tribute Band“, каде Мите пее заедно со ќерката на Џеј Рамадановски.
Инаку, Мите и Марија не ја експонираа својата љубовна врска, а заедно беа неколу години. Марија стидира општа медицина во Штип и цели да биде идна докторка.
Инаку, Мите е син на музичарот Горан Стоилков, член на групата „Огнени момчиња“. Во една прилика тој изјави дека советите на неговиот татко најмногу го мотивирале да го постигне тоа што отсекогаш го посакувал.
фото:Instagram printscreen/ mitestoilkov