Радио Милева штркот долета...

Македонскиот пејач стана татко: Драган Темелков – Џони доби син!

Македонскиот пејач стана татко:  Драган Темелков – Џони доби син!

Оние кои се редовни во скопскиот ноќен живот, знаат дека штом еднаш ќе дојдете на свирка кај него, потоа станувате редовни гости во локалите, кафулињата и клубовите каде што тој настапува, зашто атмосферата и забавата со македонскиот пејач Драган Темелков-Џони е загарантирана.

Човекот кој со години ја диктира атмосферата на ноќните свирки сега се оствари во во најубавата животна улога – стана татко.

Имено, неговата избраничка, убавата  Сара Ужановска,  непосредно пред најголемиот христијански празник –  Велигден  на свет донесе машко дете.

Радосната вест дојде како вистински благослов во пресрет на празничните денови, носејќи дополнителна топлина и среќа во нивниот дом, а малечкиот ангел го добил името Милан.

Најголемата радост во неговит живот Џони ја прославил со  најблиските другари и пријатели во матичниот локал каде со години редовно настапува – ресторанот Дион-Аеродром.

Но, прославата имала и свое второ полувреме, па радоста продолжила да се слави во една скопска кафеана со звуците на музиката и омилените песни во изведба на неговиот колега Цаки Кисми.

Тој на среќниот татко и неговите блиски им ги исполнувал нивните музички желби со песните кои ги веселат, а тие го кителе колегата со банкноти… до рани зори!

Џони важи за еден од оние репродуктивни пејачи кој од своите настапи носи многу приказни.

Низ годините важеше за миленик на женската публика и не криел дека љубовниот живот му бил динамичен, богат и бурен.

Но сега, велигденската магија годинава за него и неговата сакана ќе има посебно убавина. Нов живот во неговата родителска приказна која штотуку започнува.

Нека им е живо и здраво синчето и цел живот нека ги прави горди родители!

Фото: Инстаграм/dragan_temelkov

To top