Радио Милева тешка одлука

Македонски дуел во „Ѕвездите на Гранд“ – Иван Милевски и Бојан Илиевски со изедначени поени

Македонски дуел во „Ѕвездите на Гранд“ – Иван Милевски и Бојан Илиевски со изедначени поени

Вистинско македонско дерби се одржа оваа сабота во „Ѕвездите на Гранд“, а учествуваа  натпреварувачите Иван Милевски (26) од Велес и Бојан Илиевски (25) од Скопјe, кои со својот настап особено ја трогнаа членката на жирито Дара Бубамара.

Иван, во договор со менторот Цеца Ражнатовиќ, избра вистински народни песни, а Бојан, во договор со менторот Ѓорѓе Давид, имаше сличен репертоар, па резултатот по фантастичниот дуел беше изедначен, 5:5.

Колку одлични беа момците во четвртото коло од натпреварувањето, сведочат и зборовите на жирито, кое не штедеше пофалби за нашите талентирани Македонци.

–Иван дури и не мораше да ја отпее втората песна, бидејќи првата ја отпеа фантастично. Кога еден млад човек ќе ја пее „Стани стани Ибар Водо“ без грешка, па, браво. Бојан е добар пејач, но вечерва би му дала предност на првиот кандидат – изјави воодушевена Снежана Ѓуришиќ.

Александар Милиќ Мили се согласи дека се одлични пејачи, додека Ана Бекута рече дека едвај чека да отпеат а капела, бидејќи не може да одлучи кој е подобар.

Сепак, Дара Бубамара му даде мала предност на едниот кандидат кој речиси ја расплака поради изборот на песната.

– Иван изгледа многу згодно, тоа е многу важно, покрај пеењето. Бојан ме воодушеви со својот глас, но ми го допре срцето со песната „Сине“, бидејќи имам син и го сакам најмногу на светот. Цело време се тресев. Ме слушаш ли? – праша Дара, а натпреварувачот изгледаше збунето.

Дури ни Драган Којиќ Кеба не можеше да го скрие воодушевувањето од натпреварувачите.

–Десетка, сето ова е заслужено, Иван – рече тој, а потоа му се обрати на Бојан на ромски, но натпреварувачот не го разбра.

Последните зборови, пред самата а капела, ги кажаа менторите, а Цеца прва проговори.

–Кога го слушнав како ја изведува „Стани, стани Ибар Водо“, бев воодушевена. Момчето е извонреден талент и ми е мило што е со мене – додаде таа со насмевка, додека Ѓорѓе Давид беше фасциниран и од својот и од другиот тим.

Иако членовите на жирито дадоа еднаков број гласови, продукцијата одлучуваше за судбината на натпреварувачите и дали ќе продолжат директно или ќе продолжат во баражот.

– Ова се двајца одлични пејачи од Македонија и продукцијата смета дека би било голема штета да не го слушнат натпреварот за пеење – порача директорот Горан Шљивиќ.

По акапелата, беше јасно дека Иван ќе оди директно во петтиот круг со 3 гласа, но продукцијата повторно се вмеша.

– Продукцијата има право да додаде еден глас и одлучи дека по таков настап, двајцата кандидати од Македонија ќе одат директно во петтиот круг- рече директорот на „Гранд продукција“, што ги израдува сите во студиото.

Foto: print screen/Instagram/Facebook

To top