Македонската водителка Ирена Спировска го прослави својот 50-ти роденден, а доказ за тоа се фотографиите кои ги објави на социјалната мрежа Инстаграм и им кажа добредојде.
За својот јубилеј Ирена направила летна фотосесја на плажа и за таа пригода ги сподели со нејзините следбеници.
„Кога си роден во јуни, неизбежно е да го сакаш летото, кога си Рак во хороскоп, неизбежно е да го сакаш морето. 18.238-мо утро во мојот живот и 50-ти роденден“, и искрена беше Ирена на кратката приказна.
Таа ја додаде и морската локација на прославата во Сутоморе, Црна Гора, а ја почна на плажа облечена во сино бикини.
За витката линија доби многу комплименти, како од следбениците така и од нејзините колешки, водителки , а доказ дека годините ништо не и можат се преубавите фотографии на кои заводливо позира.
View this post on Instagram
Како посебна честитка ја издвои онаа од сопругот Душко на кој од срце му се заблагодари.
– Благодарам, љубов моја – напиша на објавата.
Секако Ирена и кога не е на плажа во бикини изгледа како вистинска сирена на која за изгледот во елегантно издание може да и позавидат и многу помладите колешки.
Среќна 50-ка Ирена!
фото: printskrin/instagram/irenaspirovska