Ксенија Николова е една од оние автори од помладата генерација македонски писател(к)и чии дела ги третараат современите текови на животот, психологијата на денешните млади луѓе, проблемите, низвесноста и стравовите и страдањата со кои се соочува една млада искрена душа, кршлива и ранлива каква што е и таа самата… Содржини опишани во нејзините дела како „Незадоволна“, „Сите мажи ја сакаат Лиа“, „Зад маските“…
Но токму животот колку да е задскриен „зад маските“, понекогаш знае да има и своја убава страна… Особено ако знаете сами да ја препознаите и да си направите да ви биде убаво и тогаш кога животот не е баш сладок, туку знае да биде и помалку или повеќе „кисел“!
А дека малите нешта можат многу да те расположат и да ти дадат голем стимул и енергија, сме се увериле илјада пати и на сопствените и на туѓи примери. Така и самата писателка по бурниот и турболентен период што го имаше, налета на две нешта што барем за миг или многу повеќе од тоа ја расположија и развеселија.
Најпрвин новиот хит на Калиопи, песната „Ела“ од новиот „Албум“ на македонската поп дива на Ксенија и покажа колку е убаво кога си „жива“… И тоа во буквална смисла на зборот, зашто не само што ја инспирирала за нова авторска креација, туку песната буквално писателката ја допрела „до гола кожа“… А кога нешто успее да те извади дури и од под тушот, веројатно допрело подлабоко и ти влегло под истата таа кожа.
Затоа писателката откако првин онака влажна и возбудена истрчала од бањата за да ја запише мислата, потоа ќе истрча и на летната тераса да ја сподели убавината што ја почувствувала. Зашто „Ела“ очигледно писателката ќе ја наежи, возбуди и раздвижи цела, па затоа и немало смисла и радоста како и мислата да не остане споделена.
View this post on Instagram
Само неколку дена подоцна, пак една друга македонска пејачка одново влезе во „интеракција со спомените“ на Ксенија Николова. Имено, пистелката, како што вели самата случајно налетала на една стара фотографија која ќе и го стопли срцето и однесе на прошетка по детските спомени. На неа гушнати Андријана Јаневска и едно малечко девојченце, кое осамнало во прегратката на тогаш младата македонска пејачка. Да не знаете дека малечката е таа – Ксенија Николова, тешко дека би ја препознале и погодиле која е?!
А пистелката со старата фотографија споделена на нејзиниот Фејсбук и самата и најави едно мало изненадување на пејачката… Но и сите нас не врати во едни многу поубави и посреќни времиња, кога како што самата напишала: …Слушавме добра музика, имавме добри идоли и се радувавме од срце на мали нешта“.
Фото: Фејсбук и Инстаграм/ksenijanikolova