Радио Милева физички се променила

Маја Оџаклиевска повторно на сцената: Природна и со неверојатен глас, еве како изгледа денес (видео)

Маја Оџаклиевска повторно на сцената: Природна и со неверојатен глас, еве како изгледа денес (видео)

Маја Оџаклиевска, македонската пејачка која со децении живее во Белград се повлече од јавниот живот и сцената пред извесно време, посветувајќи го своето внимание и време на семејството, а особено на грижата и воспитувањето на својот внук.

Јавноста во последните години имаше ретки можности да ја види или слушне во живо. Маја дефинитивно се фокусираше на приватниот живот па со тоа го  оддалечи вниманието од музичката кариера.

Сепак, неодамна пејачката повторно привлече внимание кога се појави на една приватна забава, каде покажа  дека и покрај долгата пауза, не  ја изгубила својата музичка дарба.

На оваа ексклузивна вечер, таа уште еднаш покажа зошто се смета за една од  најценети пејачки. Со нејзината енергија таа повторно ги воодушеви присутните, иако многумина забележаа дека Маја физички се променила во однос на периодот кога редовно настапуваше, но нејзиниот глас остана извонреден.

Таа отпејала еден од своите најголеми хитови, па атмосферата во салата се наполнила со возбуда.

Публиката го поздравила настапот со аплауз, а многу од присутните коментираале дека гласот на Маја е впечатлив како и пред дваесетина години.

@zorandovecerOd Maje Filipu za Rođendan♬ original sound – Zoran Dovečer

Во коментарите на социјалните мрежи најчесто можеше да се прочита дека не само што песните имаат ист звук, туку и дека Маја со својот настап им ги вратила емоциите од нејзиниот период.

Воедно, очигледна беше и нејзината промена во изгледот. Пејачката одамна се одрече од својата препознатлива огнено црвена коса, која со децении беше нејзин заштитен знак.  Денес, Маја со гордост ја носи својата природна седа коса, која за оваа посебна пригода ја средила во елегантна и стилска пунџа, со што покажа дека природноста и зрелоста ѝ прилегаат и даваат дополнителна доза на шарм.

Foto: TikTok/zorandovecer/Facebook/Маја Оџаклиевска

To top