Радио Милева повторно во трка

Маја Николиќ не се откажува од Евровизија: Пејачката сака да победи на натпреварот по секоја цена

Маја Николиќ не се откажува од Евровизија: Пејачката сака да победи на натпреварот по секоја цена

Маја Николиќ не се откажува од својата желба да победи на Евровизискиот натпревар и оваа година ќе ја претставува Србија на големата сцена. По неуспехот што го доживеа на претходниот натпревар, пејачката реши повторно да си ја проба среќата и пријави нови песни.

Таа откри дека пријавила две песни со побрз ритам и дека верува дека овој пат ќе има повеќе среќа и успех.
– Знам дека сте заинтересирани, пријавив две брзи песни за Евровизија и очекувам да поминам – рече Маја во објава на Инстаграм.


Како што додаде, Нова Година ќе ја помине во Белград, а на нејзиниот настап сите присутни ќе имаат можност да ги слушнат песните.

– Кој и да дојде, ќе ги пуштам песните од мојот телефон, тие не смеат да бидат објавени – рече таа.

Да потсетиме, Николиќ не се пласираше во финалето на „PZE 2025“, па затоа јавно ѝ се заблагодари на Оливера Ковачевиќ.

– Ти благодарам драга Оливера за сè – напиша Маја.

За време на второто полуфинале, Маја откри дека Оливера Ковачевиќ ѝ ги позајмила фустаните за настапот.
– Ова не е фустан за настап, и не сакам гипсот да се гледа, немој некој да ми гласа поради гипсот. Ме боли, но добив три инјекции. Синот ми е најголема поддршка вечерва. Оливера Ковачевиќ ми донесе три прекрасни фустани, благодарам на РТС. Добив фризер, најубава шминка. Денес плачев, тоа е најголемиот подарок за мене – рече Маја.

Foto: printscreen/instagram/majanikolic

To top