Музичката ѕвезда Маја Беровиќ се вселила во новиот луксузен имот што таа и нејзиниот сопруг Ален го купиле во Белград, дознава Телеграф.
Имено, Маја Беровиќ продала простран стан во истата зграда на Дедиње, каде веќе поседува еден имот.
Таа на мрежите ги објави и првите фотографии од новиот семеен дом.
View this post on Instagram
Маја и нејзиниот сопруг со месеци го реновираа нивниот нов дом кој е уреден по најсовремени стандарди, а за реновирањето дала околу 200 илјади евра.
„Маја неодамна се вселила во нов стан што го купила во истата зграда каде што живеела. Таа и Ален беа вклучени во целиот процес од купувањето до реновирањето, во кое инвестираа околу 200.000 евра“, изјави извор за Телеграф.
Инаку, Маја Беровиќ со години живее меѓу Виена и Белград. Кога е во Белград, ужива во својот дом во елитен дел од градот.
фото: Print Screen/Instagram/mayaberovicofficial