Кон средината на месецов, трендсетерката и сопственичка на лукс- модна линија, струмичанката Љупка Митрова, му кажа „да“ на саканиот Ѓорѓи со кого беше во врска година ипол.
Да го направи својот сон јаве, Љупка се труди постојатно, а сонот на многу девојки е и да облечат венчаница, да бидат во бело и да го најдат својот принц.
Љупка принцот веќе си го најде, овој пат веројатно вистинскиот, ама изборот на венчаници е голем бидејќи вo нејзиниот салон MITROFF има и повеќе од совршени невестински фустани за 2025 година, а за газдарицата секако може да се изработи и специјален!
Да ги проба и презентира досега многупати ни покажа, особено што секој модел совршено знае да го донесе само како што таа умее, па да им даде идеја и на други невести во најава.
Сепак, за неа сега е посебно, особено вака кога љубовните искри преминаа кон следна фаза, а венчавката на море е закажана многу наскоро за 25-ти мај.
Подготовките течат забрзано, а Љупка веќе ни покаѓжа една од специјалните венчаници од нејзината генерална проба која веруваме ќе ја има репризно деновиве, со повеќе модели се разбира.
Овој пат изборот беше на ултра кус модел на корсетирана венчаница во балон форма украсена со бисери.
Сирена крој, модел како на принцезите или нешто сосема алтернативно, на Љупка секој фустан одлично и прилега. Изборот и одлука не би бил нималку лесен… Но, сигурни сме дека магијата ќе биде посебна, и тоа не само со еден фустан за гоолемиот ден.
фото:Instagram printscreen/ljupka_mitrova