Разводот на Данијела Мартиновиќ не се реализирал брзо.
Поранешниот сопруг на Данијела Мариновиќ, со кој се омажи пред врската со Петар Грашо, е контроверзен хрватски музичар.
Уметникот и пејачката уште во 1995 година се венчаа во „Црквата Свети Доминик“ кај Пазар во Сплит, а три години подоцна се разведоа. Сепак, како што рече Даниејла, биле потребни уште три години за официјално да се поништи црковниот брак со Марко Прековиќ Томпсон.
– Самото рочиште личеше на обичен развод, со таа разлика што не се одржуваше во судница, туку во црква- изјави подоцна Данијела, пренесува „Хело“.
View this post on Instagram
– Јас и Марко дојдовме со сведоци кои сведочеа во корист или против мене како жена. Се испостави дека не сум ја тепал сопругата, дека не е вистина дека свесно не сакам деца и дека немам некоја сериозна болест што ја криев кога се омажив. Врз основа на сето тоа, тие заклучија дека нема причина да ни го поништат бракот, оставајќи ни право на жалба.
Исто така, во едно од неодамнешните интервјуа, пејачката откри дека младешкиот брак и бил само уште едно дополнително искуство во животот, кое ја обликувало како жена.
View this post on Instagram
– Мислам дека се во нашиот живот доаѓа и се случува затоа што треба да поминеме низ некои работи. Сега сум позрела, дефинитивно похрабра и сепак свесна дека се е она што треба да биде. И двајцата го направивме најдоброто од тоа и продолживме со нашите животи. А ако ме прашате дали би променила нешто, не би променила, бидејќи секое искуство носи сознанија – изјавила Данијела Мартиновиќ за бракот со Томпсон.
Пејачката Данијела Мартиновиќ по раскинувањето со Петар Грашо влезе во врска со Јосип Плавиќ, поранешен криминален инспектор.
фото:Instagram printscreen/ danijelamartinovicofficial