Лила Филиповска отсекогаш знаела да се пошегува на сопствена сметка, па дури и кога не и оди во прилог.
Кога бракот е во прашање таа во некоку наврати се изјаснила дека по две неуспешни брачни авантури не помислува на трета шанса, а не ретко знае и да се пошегува со истото како овој пат.
На „стори“ објавите Лила постави фотографија од три бабички кои се деверици, па се пронајде во истата.
-Моите деверици кога најпосле ќе се решам да се мажам пак.
Сепак, помислата не беше дека е меѓу нив, туку дека тие се на нејзината венчавка, онаа што веројатно ако сега не ја помислува, на стари години може само да биде една смешка.
За потсетување, Лила од првиот брак го има синот Филип, додека вториот со музичарот Орце Димитровски траеше кратко, тој се прежени и живее во Холандија со сопругата и двете ќерки.
Љубовниот статус на Лила засега барем јавно е дека е „соло“, а за мажачката како онаа од фотографијата, има време, затоа што секогаш стои онаа „никогаш не вели никогаш“.
фото:Instagram printscreen/ lilafilipovska