Радио Милева без глам

Лила по примерот на Памела Андерсон: Ретко која се осмелува на ваков потег, пракса која веќе е тотално „аут“ (фото)

Лила по примерот на Памела Андерсон: Ретко која се осмелува на ваков потег, пракса која веќе е тотално „аут“ (фото)

Слепото следење на трендовите во поглед на стилската модна идентификација најчесто доведува до конформизам и едноличност, но на мнозинсвото таа едноличност не пречи, напротив претставува задоволство да се биде ист наместо поразличен и свој.

Дојдоа времиња кога припадничките на понежниот пол со модерното да се биде со големи усни, подигнати јаболчици, очни капаци, што ли уште не, да личат како јајце на јајце, клонови една на друга. Поразително да се нема сопственото и уникатното во себе, токму поради минлив тренд… Шминката на пример, стана задолжителен елемент, и тоа онаа силната, нападна и нагласена, дури и за на плажа, во теретана, особено за на фотка на социјални мрежи пред следбениците.

Јавните личност се оние кои најчесто се примерите кои намерно или случајно се оние кои ја даваат сугестијата, па токму оттука можеби треба да се почне кон нешто поразлично, ублажено, смирено, вретено на она природното, индивидуалното и автентичното.

Светски познатата актерка и модел Памела Андерсон пред неколку години свесно тргна во ваква мисија, прерд се да си удоволи и да се ослободи себе. Памела веќе не употребува шминка, дури и на јавни појавувања на црвен килим. Во врска со ваквата одлука таа вели:

„Не се обидувам да бидам најубава меѓу присутните. Ми се чини како слобода. Ослободување. Забележав дека има луѓе што посветуваат време на темелна шминка, па личи на мене да одам контра на сѐ што прават другите.“- изјави Андерсон.

Објаснувањето е дека сака да биде пример за убавина за жени од сите возрасти, можеби не до степен на „гола кожа“, но барем да се ублажи лажната слика создадена како маска за личното, персоналното.

Шминката секако дека е оправдана, дава посебен сјај и украс на целосната визуелна слика, но не по секоја цена, на секое место и време, а најмногу интензитет кој не е нималку пријатен за око.

Еден пример дека се чувствува слободна и ослободена да се покаже без шминка е Лила Филиповска која како телевизиска личност редовно е под шминка заради тоа што камерата секогаш ја бара, но кога не мора, Лила е слободна да се покаже во вистинското светло – природното.

Пред третман во едно познато козметичко студио, Лила ја вклучи камерата и направи некоку кадри, без маска, камуфлажа и комплекси од онаа која навистина е кога ќе се погледне во огледало.

фото: Instagram printscrreen/ lilafilipovska/ pamelaanderson

To top