Болеста на Лепа Брена сериозно го загрижи семејството, но и нејзините пријатели кои беа запознаени со ситуацијата.
Првичната дијагноза беше циста на јајниците, но она што можеше да резултира ја „парализира“ пејачката, која тврди дека два дена не можела да го запамети телефонскиот број поради шок.
Имено, со оглед на тоа што во 2010 година имаше сериозна операција на јајниците, докторот ја советуваше Брена да го направи озлогласениот БРЦА тест, што и го направи.
View this post on Instagram
Резултатите биле поразителни, неочекувани, но „парализата“ траела само ден-два, по што фолкерката го променила начинот на живот и почнала да практикува се’ што и кажале лекарите.
Споменатата болест на Лепа Брена, како и сето она што потоа ја снајде и ја освести, своевремено беше тема на еден од разговорите со медиумите, пишува сега Стори.рс
Сакајќи да ја подигне свеста кај жените, таа рече:
– Во 2010 година имав сериозна операција на циста на јајниците. Докторот Саша Љубиќ ми рече да го направам тој фамозен БРЦА тест, каде што се покажа дека имам мутиран ген и голема шанса и можност да добијам рак на дојка. Мојот туморски маркер беше многу висок и итно отидов на операција за циста на јајниците.
View this post on Instagram
– Два дена не можев да го повторам мојот телефонски број бидејќи бев многу шокирана. Имав таков страв да нема да ги изведам моите деца на прав пат, дека може да се случи се’.
– Во мојата глава ми се вртеа страшни слики. Сепак, подобро е навреме да прифатите некои тешки факти и да знаете да се борите со нив и да не бегате од проблемите.
– Жените треба да знаат, а јас тогаш го научив, дека кога БРЦА тестот е позитивен, повеќе не смеете да користите никакви хормонски препарати.
-Почнав да живеам по сите правила кои ми ги наредија лекарите. Сето ова сега го кажувам токму затоа што со оваа порака сакам да ја подигнам свеста на жените дека треба да го направат тестот, бидејќи веднаш знаете дали имате можност да заболите од рак или не.
View this post on Instagram
– На тој начин можете да си го спасите животот и здравјето, бидејќи многу жени добиваат рак на грлото на матката, на јајниците или на дојката без воопшто да знаат од каде потекнува – заклучила Брена која споменатиот период се сеќава со грутка во грлото.
Така е и со нејзините најблиски пријатели, кои мислеле дека ќе ја загубат, бидејќи, како што изјавиле за медиумите, ѕвездата била целосно без памет.
– Таа плачеше секој ден. Го молела докторот Љубиќ да ја спаси, рекла дека не сака да умре од рак… Низ главата и поминувале најмрачните мисли. Ја тешевме колку што можевме – изјавила пријателката на Брена.
фото:instagram printscreen/ lepabrenaa