Пејачката и победничка на шоуто „Никогаш не е доцна“, Ленче Кукиќ евоцираше спомени од времето кога се мажеше и правеше свадба. Млада, вљубена и полна со планови за иднината и она што ја чека со избраникот, сопругот Горан Кукиќ со кого денес е во брак три децении.
Ленче на социјалните мрежи не е толку активна како помладите колешки, но и не ретко знае да сподели фотографии од настапите со сопругот, онаму каде настапува сама, па и нешта кои се дел од нејзината приватност и не се поврзани со музиката како во случајот.
Имено, познатата струмичанка објави неколку фотографии од далечната 1996 година кога правеа свадба со Горан, а и двајцата изгледаа како од филм во тоа време.
Таа во раскошна венчаница, а тој во бело одело, од убави поубави.
Неодамна за Гранд Ленче отворено проговори за приватниот живот, па го откри рецептот за успешен брак.
-Првите години се малку чудни, додека не се навикнеш. Откако ќе го избалансирате сето тоа во вашиот брак, тогаш тој брак е успешен. Се радуваш со човекот кој е твојот живот. Првите години се болни, но потоа балансирате, карактер, се запознавате со него, тој ве запознава и тоа е тоа – изјави таа.
Плод на љубовта на Горан и Ленче е синот Иван кој иато така е музичар, односно свири бас гитара и член во триото на Влатко Стефановски.
Ленче и Горан пак, неодамна освоија две награди односно таа победи на фестивалот „Охридски трубадури“ во две категории.
Награда освои и нејзиниот сопруг Горан Кукиќ, па дома се вратија со три вредни награди во рацете.
фото:Facebook/ Lence Kukic