Ѕвездата од серијата „Baywatch“ Дона Д’Ерико се потсети на својата улога во популарната серија од 90-тите и позираше во легендарниот црвен костим за капење.
Згодната бринета, која ја играше Дона Марко во серијата од 1996 до 1998 година, привлече внимание во огнено црвен костим за капење на фотографија што ја сподели на Инстаграм.

-Погодете кој го најде нејзиниот стар костим за капење, напиша таа под фотографијата.
57-годишната актерка позираше во својата спална соба, а нејзиниот младешки изглед продолжува да ги воодушевува фановите на серијата.

Обожавателите напишаа дека сè уште ѝ стои совршено. Д’Ерико претходно ги потсети фановите на нејзиното време во хит серијата кога позираше во црвен костим за капење за нејзиниот 55-ти роденден во март 2023 година.
View this post on Instagram
Тој јуни, актерката облече речиси идентичен костим за капење за уште едно фотосесија на плажа.
Актерката која ја играше Дона Марко во „Baywatch“ откако позираше за Плејбој, постојано ја покажуваше својата фигура во тесна долна облека.
фото:Instagram printscreen/donnaderrico







