Радио Милева „се' за внимание“

Лавина критики за Џеј Ло откако на настапот на Американските музички награди се бакнуваше со танчарите на сцена

Лавина критики за Џеј Ло откако на настапот на Американските музички награди се бакнуваше со танчарите на сцена

Бура од реакции за Џенифер Лопез откако на сцена сакаше да ја повтори Мадона кога ја бвакна Бтирни, па сега таа истото со направи со машки и женски танчери во живо пред милиони гледачи на доделувањето на Американските музички награди 2025, што се одржаа во Лас Вегас.

Јавноста не се штедеше да и упати лавина критики.

Имено, таа беше водителка на настанот и ја отвори церемонијата со 6-минутен настап во кој искомбинира 23 песни од номинираните музичари.

Џеј Ло прво бакна еден машки танчар, а потоа сподели и бакнеж со една од танчарките, слично како контроверзниот бакнеж на Мадона и Бритни Спирс на MTV Video Music Awards во 2003 година.

„Џеј Ло се изгуби“.

„Зошто Џеј Ло ги бакнува сите на церемонијата?“

„Очајна е. Сите ѕвезди го прават ова кога им се намалува славата – пробуваат да ја шокираат јавноста“.

Резимето од повеќето е дека овој потег на Џеј Ло беше одвратен и далеку од потребен за еден ваков настан кој се прикажува во живо.

фото:X printscreen/ Buzzing Pop

To top