Македонската пејачка Лара Иванова е од новата генерација на музичката сцена кај нас, а веќе постигна исклучителен успех со своето присуство во светот на музиката.
Природниот и ненаметливиот пристап кој таа го има ја издвојува од другите нејзини колешки од помладиот бран на пејачки.
Нејзините чекори полека се наголемуваат и во појавувањето кај познатите брендови кои создаваат реклами со цел промоција на нивните производи каде бираат познати јавни личности говорат за нејзината успешна кариера.
Лара овој пат на својот „Инстаграм“ позираше во неколку различни костими за капење за еден познат бренд, а со нив ги измами погледите на сите генерации.
Пејачката низ неколку фотографии покажа совршен изглед на дневна светлина за кој може многумина да и позавидат.
Па така Лара покрај нејзиниот успех се стекна и со признанието дека е прекрасна во бикини.
На тоа реагираше и македонската позната водителка Елена Стојановска која и стави допаѓање па и „фрли“ и еден сладок коментар: „Ооо, маченце !“
Фото: printskrin/instagram/_lara.iv_