Живот и стил

Кремасто рижото со модар патлиџан

Во сезоната на зеленчук, ова е одличен начин да се искористат модрите патлиџани.

Кремасто рижото со модар патлиџан

Состојки:

  • 1 модар патлиџан
  • 250 грама ориз
  • 50 грама сланина или панчета
  • 1 голем црвен кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 морков
  • маслиново масло, сол, бибер
  • пармезан

Подготовка:

Измијте го модриот патлиџан, пресечете го по должина и засечете ја внатрешноста со нож. Премачкајте ја секоја половина со маслиново масло, зачинете со сол и бибер и добро втријте ги зачините. Ставете го подготвениот модар патлиџан во рерна на 200–220°C околу 45 минути. Ставете ја исецканата сланина или панчета во сува тава и пржете на тивок оган додека не се стопи маснотијата и месото не стане крцкаво. Извадете ја од тавата, а во стопената маснотија додадете го сечканиот црвен кромид. Карамелизирајте го кромидот, па додадете ги сецканиот морков и ситно сечканиот лук во тавата. Штом лукот ќе пушти мирис, додадете го оризот; кратко пропржете го во маснотијата, а потоа постепено додавајте топла вода. Зачинете ја смесата со сол и бибер.Откако модриот патлиџан ќе омекне во рерната, извадете го и оставете го малку да се излади. Извадете ја внатрешноста и изгмечете ја со виљушка или користете рачен блендер ако сакате покремаста текстура. Додадете го подготвениот модар патлиџан во тавата кога оризот е напола сварен. Продолжете со готвењето на рижотото, постепено додавајќи вода, додека оризот не биде готов. На крајот, додадете парче путер и малку пармезан тргнете од оган и сè добро измешајте.

Фото: Magnific

To top