Радио Милева трансформации

Кратка пауза без шминка: Теа Трајковска воодушеви со природниот изглед 

Кратка пауза без шминка: Теа Трајковска воодушеви со природниот изглед 

Теа Трајковска е една од најпроменливите пејачки на македонската музичка сцена, позната по честите трансформации на својот изглед.

Таа постојано ја менува фризурата, бојата на косата, како и стилот на облекување, создавајќи комплетни и модерни оутфити кои пленат внимание.

Теа ги следи најновите модни трендови и секогаш е стокмена, носејќи изглед што е впечатлив и  атрактивен, понекогаш  и провокативен.

Иако често ја гледаме Теа како совршено средена и подготвена за камерата, таа неодамна им приреди  изненадување на своите обожаватели и се појави во природно издание.

На социјалните мрежи гордо сподели моменти без шминка, покажувајќи ја својата природна убавина и самодоверба, што во денешно време е  реткост.

На Инстаграм објави фотографија од неделата каде изгледаше свежо и блескаво со собрана русокоса и без никаква шминка. За дополнителна атмосфера, ја додаде музиката од дуото „Дупер“, со кои неодамна ја имаше и честа да биде специјална гостинка на нивниот настап.

Сепак, во најновата објава Теа откри дека периодот без шминка е завршен, со тажен емотикон, и дека повторно во текот на денот се вратила на својот препознатлив блескав изглед со мејкап. Ова беше кратка пауза од нејзиниот вообичаен стил, со кој  уште еднаш покажа како таа со природната убавина и самодоверба може да освои и без преголема интервенција за  разубавување.

Foto: Instаgram/theatrajkovska

To top