Промотер

Коста Хаџикојчев- „I belong“ (АУДИО)

Коста Хаџикојчев- „I belong“ (АУДИО)

„I belong“ е новата тема отпеана на англиски јазик во изведба на Коста Хаџикојчев, автор, продуцент и мулти-инструменталист. Можеби се сеќавате на младото момче кое ја освои публиката со својот глас на Македонскиот Идол пред 13 години – Коста Хаџикојчев. Тогаш беше премлад за учество во франшизата, но тоа не го спречи да го „брка“ својот сон и упорно да се усовршува како професионален музичар.

Следејќи го својот талент и пасија, Хаџикојчев како музичар се едуцираше на престижниот музички колеџ Беркли, во Бостон, Масачусетс. Неговите вештини и креативен капацитет е препознат од страна на бројни реномирани имиња од алтернативната сцена во светот како: Nasaya, Kid Bloom, Jean Castel, Fytch, Cream Blade и други, на чиишто аудио-изданија Хаџикојчев се потпишува како музички соработник.

„I belong“ е микс од ар ен би и поп музика и е воедно првата песна од LP-то во најава со наслов „7 of Hearts“. Коста Хаџикојчев е автор на музиката, текстот, аранжманот и продукцијата на синглот, а ко-продуценти се Вил Рејнолдс (соработник на Ед Ширан, Фред Агаин, Оли Мурс и др.) и Драги Иванов кој е најистакнатиот продуцент од новата генерација во земјата и истиот подеднакво интензивно работи и со артисти во светски рамки. Во оваа музичка констелација е вклучен и Ѓорѓи Вацев како мултиталентиран креативец кој покрај свој придонес во продукцијата и мастерингот на аудиото, стои и зад камерата и продукцијата на видео записот за „I belong“ кој ќе биде објавен наскоро.

За потсетување, Коста Хаџикојчев во јуни минатата година ја издаде темата „Feel the same“, а истото лето го слушавме и како автор на популарната „Не е до мене“ на харизматичната вокалистска Тамара Стојковска.

To top