Мегафон презакажан...

Концертот на DEL ARNO BAND во Скопје со нов датум на пролет: 30-ти мај 2025 во МКЦ!

Концертот на DEL ARNO BAND во Скопје со нов датум на пролет: 30-ти мај 2025 во МКЦ!

Скопскиот концерт на легендарната српска реге група „Дел Арно бенд“ е одложен за мај, објави „Пасворд продукција“. Концертот требаше да се одржи овој месец во Младински културен центар, но новиот термин е 30 мај.

Од „Пасворд“ известуваат дека концертот е одложен од здравствени причини:
„Драги наши,
Ве известуваме дека концертот на Del Arno Band кој беше планиран за следниот петок, приморани сме да го презакажеме поради актуелните здравствени неприлики, за 30. мај (петок). Досега купените билети остануваат да важат за новиот датум. За сите на кои промената на датумот не им одговара, овозможена е рефундација на веќе купените билети, а за таа цел треба само да се пријават најдоцна до 24.02.2025 на и-мејл: kliment@password.mk
Влезниците за новиот термин се достапни во продажба со истата промотивна цена.
Ви благодариме за разбирањето! Реге дружбата во најпозитивна атмосфера останува во агенда и се гледаме на пролет“!

Основан во 1986, „Дел Арно бенд“ се смета за најдолговечниот реге бенд во поранешна Југославија. Досега има објавено пет студиски албуми. Гостувањето на „Дел Арно бенд“ во Скопје се совпаѓа со 80-годишнината од раѓањето на Боб Марли.

To top