Саша Поповиќ денес е еден од најмоќните и најбогатите луѓе во светот на шоу-бизнисот во Србија.
Како креативен директор на „Гранд“ заработил милиони, а неговото богатство се проценува на огромна цифра, пренесуваат тамошните медиуми.
Имено, Поповиќ поседува јахта која е закотвена на хрватското приморје, но и луксузен имот во Опатија чија цена е речиси половина милион евра.
Покрај тоа, неговиот возен парк е полн со скапи возила на четири тркала, кои се движат до 180.000 евра, колку што е цената на неговото BMW I8, како и Ферари од 200.000 евра.
Според информациите, Поповиќ е колекционер на рачни часовници, а за само еден наводно платил 50.000 евра.
Неговиот дом на Бежанијска коса важи за еден од најскапите во Белград, а во него живее со сопругата Сузана.
Почнал да инвестира и во недвижнини, па заедно со своите партнери почнале да градат комплекс станови на Бежанијска Коса.
Саша, како и неговата сопруга Сузана, не сакаат да се фалат со своето богатство. Пејачката во една прилика изјави дека поради приказните за тоа биле ограбени, поради што се уште е истрауматизирана.
– Приказните за нашето богатство отсекогаш ни биле проблем. Поради бројките кои протекоа во јавноста, бевме ограбени пред неколку години, а јас се уште сум трауматизирана од тој настан. Никогаш не го нагласувавме луксузот и не сакавме да се фалиме. Водиме сосема нормален живот, а се’ што сме направиле сме направиле со сопствен труд. Опасно е да зборуваш за богатство и милиони кога имаш деца – изјавила пејачката.
фото:instagram printscreen/ zvezde granda