Истовремено дознајте, што е поважно за среќа – сексот или парите?
Тешко е да се каже зошто психолозите одлучиле да ја побараат среќата во сексот. На крај, таа може да се најде на било кое место и во било кое нешто. На пример, во пивото.
Но, научниците имаат свое гледиште во однос на ова прашање: веќе откриле зошто пивото нѐ прави среќни. А, поради тоа што ова прашање е „затворено“, тогаш ајде да прифатиме дека среќата е во сексот.
Се чини дека научниците ја проучуваат зависноста на среќата од сексот уште одамна. Како поразлично да се објаснат истражувањата на оваа тема?
Истражувачите напишале многу текстови и книги во кои навеле: повеќе секс – повеќе среќа.
Но, старите психолози ги замениле нови. Тие ги прегледувале анкетите од илјадници луѓе во последните 40 години за да го потврдат ова тврдење и откриле дека многу од паровите немаат секс секој ден, а сепак се чувствуваат среќно.
Иако општо е прифатено дека почестиот секс носи повеќе среќа, се докажало дека паровите кои имаат секс повеќе од еднаш неделно, не се сметаат себеси за среќни.
„Нашето истражување покажа дека важно е да имате интимни односи со партнерот, но не мора да имате секс секој ден“, изјавила Ејми Мјуз, главниот истражувач.
Покрај тоа, истражувањата варирале во зависност од тоа во која фаза од врската паровите биле. За оние кои биле на почеток, сексот бил на прво место заради среќа. Психолозите уништиле уште еден стереотип – дека младите мажи сакаат повеќе секс, а постарите помалку. Научнциите не нашле никакви полови, а ни старосни граници.
„Нашите резултати беа носени врз основа на мажите и жените, млади и стари лица и парови кои биле во брак неколку години или децении“, изјавила Ејми Мјуз.
Истовремено, се докажало дека сексот е повеќе поврзан со среќата отколку парите.
Истражувачите интервјуирале 100-на мажи и жени во долговечни врски. Ги прашале за нивниот годишен приход и сексуалните односи и откриле дека оние кои имаат секс еднаш неделно се многу посреќни од оние кои имаат секс еднаш месечно.
извор:Supermen/Tocka
фото:Freepik