На српската поп- пејачка Наташа Беквалац кога нешто и се допаѓа, па макар тоа било за истото што таа го работи, тогаш нема никаков проблем да сподели и да го пофали она што и е убаво.
Ната во неколку наврати има изјавено дека ја поддржува и сака нашата пејачка Антониа Гиговка, уште од времето на „Пинк ѕвездички“, а денес пак знае да каже дека Антониа е изведувач од кој може да се научи.
Комплиментите никогаш излишни, па кога некој така те вознесува, треба или барем чувствуваш потреба тоа да го вратиш, на ваков или на онаков начин.
Вистинското време за Антониа да го направи тоа беше со тоа што ја запеа најновата песна на Беквалац „Немир“.
Сними видео дедека ги потпевнува стиховите, а новосадската барбика веднаш тоа го сподели кај себе и ја внесе Антониа како дел од своите приказни на Инстаграм или популарно наречените „стори“.
За потсетување, Антониа во една прилика дури и запеа на иста сцена со Наташа Беквлац на еден нејзин настап во Штип кога нашата Тониа и беше специјална гостинка.
View this post on Instagram
Обострано почитување и уважување, а тоа очигледно кај двете русокоси ѕвезди не е периодично, туку трае…
фото:Instagram printscreen/bekvalceva