Пејачката Тамара Тодевска и македонската најпозната Инфлуенсерка Миа Костова привлекуваат големо внимание во јавноста секогаш кога се заедно, поради сличноста во изгледот.
Имено, многумина тврдат дека Миа личи на Тамара или пак обратно, поради што многумина на социјалните мрежи често се збунети на прв поглед кога се една до друга.
Физички наликувале или не, овој пат успеаа да бидат непрепознатливи и преку облеката која ја носеа во иста боја, а правеа и слични изрази и гримаси на лицето, поткрепени со карактеристичната широка насмевка, како и методот на шминкање.
Овој пат и Тамара и Миа објавуваа видеа додека танцуваа , а во позадина се слушаше музиката на која се опуштиле.
Имено, освен тие две сега се фотографирале со уште една убавица, за која велат дека е на лик третата иста како нив, за која кажаа дека ја пуштиле во Европа.
„Имаме и трета близначка ама пуштена ни е по Европа“ – на шега стоеше во описот.
Сепак, она што привлече најмногу внимание беше тоа што и двете се фотографирале во профил со подготвен бакнеж на усните и упатен кон момчето на Тамара , додека тој седел во средина и гледа во камерата.
Се чини дека Лука бил збунет од овој момент, но нема сомнеж дека уживал во нивното друштво. А дали го препознал оригиналот? Не е ни толку важно, важно е забавата и емоциите да се силни… Со едната ионака се… (не)компатибилни!
фото: Instagram/tamaratodevska