Љубов и секс

Кој пати повеќе по раскинувањето? Мажите или жените?

Кој пати повеќе по раскинувањето? Мажите или жените?

Жените се со поголема веројатност да бараат терапија и да разговараат со некого „лице в лице“ за нивните емоции, додека мажите почесто бараат помош и изразуваат чувства во анонимна средина.

 

Повеќето луѓе поминуваат низ три раскинувања во љубовните врски до 30-тата година од животот.

 

Некои истражувања покажуваат дека ситуацијата се влошила за време на пандемијата, односно пандемијата резултирала со ненадејни прекини во многу долги врски и зголемување на стапката на разводи.

 

Раскинувањето со партнерот е многу стресно за двете страни, но иако се верува дека жените повеќе страдаат, студијата на тим психолози од Универзитетот во Ланкастер го покажува спротивното – мажите се погодени подеднакво силно како и жените, но тие се носат со тоа на потежок начин, затоа што не се склони како жените отворено зборуваат за емоциите.

 

Истражувачите ги проучувале демографските и психолошките профили на повеќе од 184.000 луѓе кои ги објавиле своите проблеми во врската на анонимен онлајн форум, со што ја третирале темата од поинаков агол.

 

– Повеќето од она што го знаеме за проблемите во љубовните врски доаѓа од студиите на луѓе кои се занимаваат со терапија на парови, која вклучува прилично специфична подгрупа на луѓе.

 

Тоа се поединци кои имаат време, пари и мотивација да работат на проблемите во нивните односи – вели Шарлот Ентвистл, водечки автор на студијата.

 

„Првичната цел на студијата беше да се фокусира на најчестите проблеми со кои луѓето се соочуваат во односите, но како што напредуваше истражувањето, стававме поголем акцент на откривањето кој има тенденција да доживее посилна емоционална реакција на раскинувањето, жените или мажите“, објасни таа. .

 

– Сфативме дека тоа беше исклучителна можност да тестираме многу заеднички идеи за половите разлики во односите – додаде др. Рајан Бојд, главен истражувач.

 

– На пример, дали мажите навистина се помалку емотивно ангажирани во врска од жените или се стигматизирани кога се во прашање емоциите? Нашето истражување покажа дека мажите разговараат за чувствата на тага и вознемиреност многу повеќе од жените – објасни тој и спомна дека можноста за анонимно објавување искрени емоции поттикнало многу мажи да зборуваат поотворено за сè.

 

– Ова е контрадикторно со другите истражувања, кои се земени од емоциите забележани во терапевтската средина – додаде тој.

 

Истражувачите заклучиле дека на мажите им се „крши срцето“ исто како и на жените. Сепак, жените се со поголема веројатност да бараат терапија и да разговараат со некого „лице в лице“ за нивните емоции, додека мажите се со поголема веројатност да бараат помош и да ги изразат чувствата во анонимна средина.

 

– Освен што ова истражување ги дискредитира старомодните стереотипи, се надеваме дека би можело да доведе до поголем ангажман во изнаоѓање алтернативни начини на кои мажите би можеле да ги изразат своите емоции кога им е тешко – изјави др. Рајан Бојд.

Извор: Попара

To top