Радио Милева „жонглерка“

Кој би рекол дека е мама на две? Др.Симона Поповска егзотична и секси за најава на „Ловец и плен“ (фото)

Кој би рекол дека е мама на две? Др.Симона Поповска егзотична и секси за најава на „Ловец и плен“ (фото)

Откако дипломираше, се омажи, потоа специјализираше, пејачката и докторка дерматолог Симона Поповска се оствари и како мајка на две синчиња – Стефан и Никола.

На изненадување на јавноста беше втората бременост која вешто ја криеше, а се случи на помалку од една година откако го роди првиот наследник.

Денес, таа е предана мајка, сопруга, но и ултра посветена на професијата како лекар од областа на дерматологијата и естетиката.

Сепак, љубовта кон музиката кај неа никогаш не спласна, напротив, Симона, некогаш попозната под уметничкото Мон- Бонбон, страста се уште ја има да работи на нови песни, настапи, а и фестивалски да се претставува.

Овој пат, на своите следбеници преку Инстаграм не им ги покажа новите усни кои ги коригирала кај пациентки, туку се (с)облече во пробокативна комбинација со голо торзо и го нагласи сексапилот најавувајќи нова песна насловена„Ловец и плен“.

Егзотичното издание на др. Симона и насловот само делумно открија дека овој пат можеби треба да очекуваме некој побрз, летен ритам кој веројатно ќе го слушнеме наскоро…

фото:Instagram printscreen/simonapopovskaofficial

To top